Караорман Певалит куп 2015: ФК ОХРИД ТОП ТИМ сигурен со две генерации во елиминациската фаза26/6/2015 Претходниве два дена се играа натпреварите по групи на фудбалскиот турнир „Караорман Певалит куп 2015“ во Струга. Генерација 2002 се натпреварува во мошне тешка но атрактивна група. Првиот натпревар со цврстата екипата на Дрита од Боговиње заврши со нерешен резултат 1:1. Значаен бод на охриѓани со својот погодок им донесе Филип Маркоски. Денес во оваа генерација се играше дербито ОХРИД – Пелистер. Иако нашите го отворија резултатот со погодокот на Китрозоски, сепак, во последните 7-8 минути од првото полувреме дојде до голем пад во нашата игра што битолчани го искористија да стигнат до убедливи 1:4. Второто полувреме нашите се консолидираа и одиграа добар фудбал, но мрежата на гостите остана незатресена и покрај неколкуте изгледни шанси за гол, па натпреварот заврши со резултатот од првиот дел. Утре не очекува натпревар со штипска Брегалница каде нерешен резултат ќе ни биде доволен за пласман во ¼ финалето на турнирот. Генерација 2004 одлично го отвори турнирот со победа против силниот Фљамуртари од Радолишта. Голот на Кречов Никола беше доволен за конечни 1:0. Кога сите очекуваа лесна победа против не така убедливата екипа на Карпош од Скопје, „Белите“ ја прокоцкаа извонредната шанса за директен влез во полуфиналето со поразот од 0:2. Сега останува да „бркаме“ полуфинале во ¼ финалниот натпревар против ФК Оск фер плеј. Генерација 2006 имаше не многу убедлив почеток на турнирот. Првиот натпревар против битолски „Еден на еден“ го отворивме лошо, па по негативата од 0:2, охриѓани сепак успеаја да изедначат на 2:2 со двата погодоци на Мухамед Сеидоски. Натпреварот против ФК Оск фер плеј им припадна на „жолтите“ со резултат 1:3. Стрелец на единствениот погодок за ОХРИД ТОП ТИМ беше Михаил Лолески. Последниот натпревар нашите го одиграа одлично и против првопласираниот во нашата група, штипска Академија Постолов Пандев извојуваа победа од 1:0 со погодокот на Блажески Валентин. Пласман во полуфинале „Белите“ ќе бараат во натпреварот против охридски ФК Академија Пандев 10. Распоред, сабота 27.06.2015 10.05 ч. (2002) групи ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Брегалница 15.30 ч. (2004) ¼ финале ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Оск фер плеј 16.00 ч. (2006) ¼ финале ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Академија Пандев 10 ГАЛЕРИЈА - Струга, 25/26.06.2015
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|