Денес, на теренот на ФК Караорман од Струга се одиграа елиминационите натпревари од фудбалскиот турнир Караорман куп 2015 „Струшки бисер“. Ген. 2006 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ со три победи и без ниту еден пораз влезе како првопласирана во фазата на елимнации. Четвртфиналниот натпревар го играа со битолска „Форца“. Иако нашите момци го отворија резултатот и имаа водство, сепак со два брзи погодоци пред крајот на првото полувреме битолчани успеаа да дојдат до водство. Константниот притисок во второто полувреме што го правеа нашите резултираше со неколку добри шанси кои не успеавме да ги искористиме и на крај противниците заслужено славеа и изборија пласман во полуфиналето. Она што не успеаа да го направат најмалите, го направија момците од ген. 2004 кои во четвртфиналето со одлична игра ја совладаа екипата на ФК Кичево која влезе како првопласирана од другата група. Веднаш по овој натпревар нашите го играа полуфиналниот меч со скопски „Албион“. Заморот се одрази на нашата игра,, па нашите не успеаа да го добијат овој натпревар и влегоа во борба за третото место против охридски „Оск фер плеј“. Кратката пауза до малото финале добро влијаеше на нашите момци кои во не толку неизвесен меч убедливо ги совладаа „Жолтите“ и заслужено го освоија бронзениот медал на турнирот. На крај, останува да им честитаме на сите наши дечиња од сите генерации кои достојно и храбро ги бранеа боите на нашиот клуб. Нивниот успех е и наш. Останува да им посакаме уште поголеми успеси во иднина. Резултати од елиминационата фаза:
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|