![]() Охридските „Бели“ играа две финалиња во ФФМ Детската фудбалска лига југозападен регион и тоа со генерација 2004 и 2006. Во двете возрасни категории нашите фудбалери играа со врсницте од ФК Оск Фер плеј. Првиот меч го игрше генерација 2006. Натпреварот го започнавме добро со шанси пред противничкиот гол, но по еден очигледен прекршок за пенал во казнениот простор на Жолтите, судијата Ецкоски дозволи играта да продолжи по што од контра напад примивме гол за предност на противникот. Иако игравме добро прво полувреме, сепак предноста не успавме да ја неутрализираме. Во вториот дел кога сите очекувавме да го свртиме мечот во наша корист, дозволивме „Жолтите“ да направат резултатска разлика, па единствениот наш погодок пред крајот на мечот беше доволен само да го намалиме нивното водство. Иако според квалитетот и прикажаното во лигата оваа генерација заслужува повеќе, сепак, играта во финалето беше доволна само за сребро. Далеку подобар и поатрактивен меч одигра генерација 2004. Двете грешки што ги направивме на почетокот на мечот им дадоа комотна предност од два гола на Портокаловите. Тоа како дополнително да ги мотивира нашите момци па доминантната игра и многуте шанси ги крунисавме со еден погодок и два корнери. Тогаш, за среќа на противникот, повторно истиот судија Ецкоски го скрати првото полувреме. Вториот дел го започнавме во исто темпо по што со нов убав погодок целосно ја неутрализиравме предноста на противникот. Веднаш потоа, повторно за повикан се најде судијата Ецкоски кој наместо аут за нас, досуди непостоечки прекршок за Портокаловите кој иако беше неправилно изведен ги доведе во нова предност противниците. Нашите повторно напаѓаа и во противничкиот казненен простор беше досуден прекршок во наша корист. Ецкоски повторно со неразбирлива одлука - наместо пенал, да се шутира слободен удар надвор од голманскиот простор. И покрај се, нашите не се откажуваа и по третиот направен корнер, беше досуден пенал во наша корист. Следевме уште една комична ситуација која ги насмеа сите присутни на мечот кога судија Ецкоски го намести шутот на повеќе од 10 метри што не одговара на правилата во лигата. И од таква ситуација постигнавме гол за ново изедначување. Исцрпувачкиот и тежок меч за нашите момци доведе до пад на концентрација во последните пет минути по што противникот направи нова резултатска разлика, а четвртиот гол што го постигнавме пред крајот на мечот не беше доволен за ново израмнување. Оваа генерација има за што да жали затоа што со својата игра на фајнл фор турнирот несомнено заслужи и повеќе од вицешампионско место. На крај, мора да им честитаме и да им се заблагодариме на сите фудбалери за нивната игра, фудбалско знаење, спортско однесување но и за страста со која ги бранат боите на ОХРИД ТОП ТИМ. Бои кои симболизираат чистота, совршенство, радост, надеж, вистина, верност, племенитост, вредност и енергија. Горди сме што сте дел од нас и заедно уживаме во сите спортски емоции што ни ги дава фудбалот. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|