Традиционално, ФК ОХРИД ТОП ТИМ учествува на фудбалските турнири што ги организира екипата на ФК Караорман од Струга. Овој пат, со две генерации учествуваме на „Езерски куп 2017“. Резултатски, охриѓани имаа перфектен натпреварувачки ден на отворањето на турнирот. Генерација 2006 регистрира службена победа од 3:0 против врсниците од Велешта кои не дојдоа да го играат натпреварот. Од друга страна пак, генерација 2004 одигра два одлични меча во кои извојува две добри и сигурни победи. Во првиот натпревар нашите со четири погодоци во противничката мрежа лесно ги надиграа фудбалерите на Фудбал старс од Кочани и со конечни 4 : 1 заслужено се радуваа на победата, додека пак во вториот натпревар одигравме нешто понеизвесен меч со фудбалската академија Нацев од Велес во кој постигнавме по еден погодок во двете полувремиња за сигурна победа од 2 : 0. Утре не очекува натпревар со екипата на Велешта во генерација 2004, а во понеделник против екипата на ГФК Неготино. Организаторот на турнирот предвидел мошне лош распоред за генерација 2006 која во еден ден треба да одигра дури три натпревари, односно во понеделник ќе се сретнеме со ГФК Неготино, Талент Битола и Албион Скопје. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|