![]() ФК ОХРИД Топ Тим одигра два пријателски наптревари со екипата на на ФК Влазними од Струга и тоа еден со генерација 2003/04 и еден со генерација 2005/06. Натпреварите се одиграа на СРЦ Билјанини извори во Охрид. Момците од нашата екипа играа актрактивен, квалитетен и борбен фудбал, со многу комибинации, креативна игра и голем број создадени шанси за гол. Сепак, мрежата на противничката екипа успеаа да ја затресат само еднаш, а нашата неефикасност ја искористија гостите од Струга кои славеа со 0:1 и 1:3. Стрелец за ФК ОХРИД Топ Тим беше Мухамед Јахја - Шкор. Честитки на двете екипи за прикажаниот фудбал и за убавата фудбалска атмосфера во текот на мечевите во која уживаа присутните гледачи на стадионот во Охрид. Галерија |
НОВОСТИФК ОХРИД
|