![]() ФК ОХРИД Топ Тим одигра уште два добри и тешки натпревари на „Кароарман Куп 2014“ во Струга. Првиот натпревар нашата екипа го играше против актуелниот вицешампион на Македонија, екипата на ФШ „ЛГ“ од Битола. Двата тима итраа отворен и атрактивен фудбал. Екипата на ФК ОХРИД Топ Тим создаде неколку изгледни шанси за гол кои не успеа да ги искористи, по што пред крајот на натпреварот, по една случајно одбиена топка противникот постигна гол и успеа да слави со 0:1. Вториот натпревар, против искусната екипа на ФК Македонија ЃП од Скопје, се играше кратко по мечот со ФШ „ЛГ“ Битола. Екипата на ФК ОХРИД Топ Тим одлично започна и со прекрасниот гол на Мухамед Јахја - Шкор поведе со 1:0. Сепак, заморот од големиот број силни натпревари одиграни во овие два дена дојде до израз во второто полувреме, па ФК ОХРИД Топ Тим загуби со резултат 1:5. Целите што беа зададени со учеството на овој турнир на крајот беа исполнети. Момците од нашата екипа стекнаа драгоцено искуство од натпреварување во турнирски систем со силни екипи, подигнувајќи ја својата форма од натпревар во натпревар. Покрај тоа што се одиграа неколку добри фудбалски натпревари, децата имаа прилика да другаруваат со своите врсници од цела Македонија, да се стекнат со нови пријателства и секако да се забавуваат. Голема благодарност до сите деца кои го понесоа „товарот“ на натпреварите овие два дена и кои ни приредија многу убави заеднички моменти: Емре Сулејман, Стивен Митрески, Јане Љушкоски, Петар Љушкоски, Емре Дуница, Горан Крстаноски, Емре Мустафа, Климент Гиноски, Христијан Јакимоски, Тарик Максуд, Мухамед Јахја - Шкор и Александар Трпоски. ФК ОХРИД Топ Тим им честита на организаторите за убаво организираниот турнир и посакуваме овој турнир да стане традиционален и уште помасовен и поуспешен. Видео - погодокот на Мухамед Јахја - Шкор против ФК Македонија ЃПГалерија, втор ден (28.06.2014) |
НОВОСТИФК ОХРИД
|