Одличен фудбал ... многу голови ... другарување ... забава. Ова би било кратко резиме на денешното патување во Скопје, каде охридските „Бели“ одиграа неколку пријателски натпревари со скопски Њу Старс во генерација 2002, 2005 и 2006. Во одлични услови за фудбал и максимално наклонети временски услови, двете екипи одиграа мошне возбудливи и ефикасни натпревари каде уживавме во одличен фудбал со многу атрактивни акции и голови. Охриѓани беа подобри во ген. 2002 каде со головите на Албнор Каба и Енис Дани кои постигнаа по еден хет трик остварија победа од 6:4. Генерација 2006 играа убав фудбал во еден добар и цврст натпревар, но погодоците на Мухамед Сеидоски и Валентин Блажески беа недоволни за позитивен резултат, па натпреварот заврши со 2:4 во корист на Скопјани. „Жолтите“ беа подобри во ген. 2005 со вкупни 8:2. Два пати за ОХРИД ТОП ТИМ на овој натпревар стрелаше Амар Садикоски, додека нашите не искористија и неколку добри шанси. Веднаш по натпреварите нашите момци отидоа на заедничко дружење и ручек во Градски парк, за убавиот ден да го затвориме со заедничка прошетка во Скопје Сити Мол. Должиме благодарност до нашите домаќини екипата на ФК Њу Старс од Скопје кои прифатија да одиграат неколку натпревари со нас, обезбедија одлични услови за игра и помогнаа нашето патување да помине во најдобар ред. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|