Денес на СРЦ Билјанини извори, на теренот со вештачка трева, ФК ОХРИД ТОП ТИМ одигра неколку натпревари во У-11 и У-9 возрасни категории на еднодневниот турнир што го организираше ФК Оск Фер Плеј. Студеното време кое не им беше наклонето на младите фудбалери не ги поколеба да понудат одличен и возбудлив фудбал. Нашите најмлади момци кои во комбиниран состав од ген. 2007/08 се натпреваруваа во У-9 возрасна категорија покажаа дека можат да се носат со многу силни противници. Одиграа одлични мечеви против битолски Топ гол и ФК Скендербег од Корча Албанија, а особено за истакнување е мечот со скопски Вардар на кој во листата на стрелци се запишаа Максим Наумоски и Мартин Мајкиќ. Малку повозрасните, комбинираната екипа од ген. 2006 и 2005 играа против исклучително добрата екипа на ФК Скендербег од Корча, Албанија и против добриот тим на ЛГ од Битола. Меѓутоа, најдобриот натпревар овие момци денес го одиграа со Евро фудбал 2 Вардар од Охрид на кои им се реваншираа за поразот пред два дена и со погодокот на Давид Кузманоски ги совладаа со 1:0. Со тоа, ФК ОХРИД ТОП ТИМ ги заокружи подготовките за пролетната полусезона во ФФМ Детската лига во која нашите фудбалери ги очекуваат уште многу нови возбудувања. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|