![]() Вчера и денес „Белите“ одиграа неколку квалитетни пријателски натпревари со кои се привршуваат подготовките пред почетокот на пролетната полусезона на ФФМ Детската фудбалска лига. Петокот, комбинирана екипа на ген. 2006 (У-12) засилена со тројца играчи од 2005 на ОХРИД ТОП ТИМ одигра убав меч со ген. 2005 (У-13) на охридски Евро фудбал 2 Вардар. Резултатот (0:3) не ја отсликува реалната ситуација на терен. Нашите покажаа дека не само што можат да се надигруваат со противникот, туку во добар дел од натпреварот имаа контрола на играта и доминираа во нападот, но нашата неефикасност не ни дозволи да се радуваме на поволен резултат. Денес, „Белите“ одиграа уште неколку пријателски натпревари во повеќе возрасни категории против силната екипа на Велешта. Најпрво, ген 2005 на ОХРИД ТОП ТИМ беше поуспешна од нивните врсници од Велешта во натпреварот кој го добивме со 5:2. Генерација 2004, иако четири пати стрелаше во мрежата на противникот, потфрли на мечот со врсниците од Велешта и беше поразена со 4:9. Пресудна беше лошата и неодговорна игра на нашите во второто полувреме кога примија дури шест гола. Одлично издание имаа У-14 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ кои го надиграа есенскиот шампион на ФФМ Детската лига, екипата на ФК Велешта. Првото полувреме нашите создадоа неколку добри прилики кои не успеавме да ги искористиме, што беше најава за уште подобрата игра во вториот дел. Веднаш по паузата нашите започнаа уште поофанзивно и постојаниот притисок кон противничкиот гол резултираше со два погодоци во противничката мрежа за натпреварот да заврши со сигурни 2:0 во корист на охриѓани. Утре не очекуваат уште неколку добри и силни натпревари во ген. 2005 и 2007. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|