Оваа недела, во Охрид, се одигра третото коло (пролет) од ФФМ Детската фудбалска лига – Југозападен регион. Заморот од патувањето во Скопје и отсуството на дел од нашите фудбалерчиња неповолно се одрази на резултатите од натпреварите што ги играа нашите екипи. (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Караорман Струга 2:4 (2003) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Караорман Струга 1:3 (2002) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Караорман Струга 1:6 (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Академија Пандев 10 0:3 Натпреварот во генерација 2005 со екипата на АС Јунајтед од Струга не се одигра, па терминот беше искористен за одигрување на меѓугенерациски натпревар 2005 против 2006 од екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Исто така, комбинирани екипи од генерација 2006/07 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ и ФК Фљамуртари Радолишта изиграа возбудлив натпревар со многу голови кој заврши без победник со резултат 6:6. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Генерација 2002: Николче Целески, Стивен Митрески, Христијан Китрозоски (1 гол), Климент Гиновски, Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар, Алек Иваноски, Петар Љушкоски, Томи Николоски, Мухамед Јахја Шкор и Димитар Петров. Генерација 2003: Петар Љушкоски, Емре Мустафа, Томи Николоски, Александар Трпоски, Наум Јаковлев, Мухамед Јахја Шкор (1 гол), Климент Филев и Никола Кречов. Генерација 2004: Иво Спироски, Александар Трпоски, Наум Јаковлев, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф, Никола Кречов и Марко Крлевски. Генерација 2006: Онур Бешир, Борис Чекреџи, Валентин Блажески (2 гола), Мухамед Сеидоски, Петар Крлески и Мартин Мајкиќ. Генерација 2006/07: Онур Бешир, Мартин Мајкиќ (1 гол), Џан Јахја Шкор, Борис Чекреџи (2 гола), Валентин Блажески (1 гол) и Мухамед Сеидоски (2 гола). |
НОВОСТИФК ОХРИД
|