Ветено – сторено. Денес, на СРЦ Билјанини извори во Охрид, претседателот на Лајонс клубот Десарети од Охрид, со уште неколку претставници од клубот, подарија спортска опрема – повеќе од 50 маички за тренинг со логото на двата клуба, за членовите на фудбалската школа на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Така, како многу пати до сега, ја потврдија нивната добра волја за поддршка на младите и спортот. „Лавовите“ ја искористија посетата на нашиот клуб да проследат и дел од тренингот, при што во една релаксирана атмосфера се дружеа со нашите млади фудбалерчина и им изразија огромна поддршка и дополнително ги мотивираа уште попосветено да се занимваат со спорт. Резултатите од работата на фудбалската школа на ФК ОХРИД ТОП ТИМ не се мерат исклучиво на спортските терени. Најголем успех за нас е кога секое детенце што било дел од нашата школа ќе израсне во здрава и реализирана личност која ќе има систем на вредности насочен кон поттикнување, развивање и унапредување на духот на почитување меѓу луѓето. Токму во таа форма дејствува и Лајонс клубот Десарети од Охрид. Под мотото СЛУЖИМЕ, тие со своите активности придонесуваат кон развивање на чувството на човечност, меѓучовечка добронамерност, помагање во неволја и го поттикнуваат и развиваат вклучувањето на пошироката јавност и на одделни општествени групи во реализација за хуманитарните проекти во заедницата. Нивната денешна донација не значи само поддршка за нашата фудбалска школа и за нашата работа, туку има и убава симболика кон создавање на младина која ќе ги препознава вистинските вредности и ќе гради подобра иднина. Веруваме дека ова ќе биде само почеток на идна заедничка соработка. БЛАГОДАРНОСТ ДО ЛК ДЕСАРЕТИ ВО ИМЕТО НА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ФК ОХРИД ТОП ТИМ! |
НОВОСТИФК ОХРИД
|