Викендов се одиграа натпреварите од седмото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Нови три бода за Генерација 2004 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ која со службени 3:0 го доби натпреварот со ФК АС Јунајтед од Струга. Добар натпревар изиграа нашите од Генерација 2005 кои испуштија водсто и победа со ФК Евро фудбал 2 – Вардар од Охрид, во последните моменти од мечот. Натпреварот кој изобилуваше со многу пресврти на крај заврши со конечни 3:3, со погодоците на Петар Пацески и Мухамед Сеидоски (2). Овој бод широко ја отвора вратата за пласман на „Белите“ на регионалниот завршен турнир. Генерација 2003/04 која ова коло играше натпревар во Дебар, беше убедливо поразена од Ген. 2003 на охридските „Црвено црни“. Ревијален натпревар во рамките на ова коло од ФФМ Детската лига играше и Генерација 2007 со екипата на ФК Оск фер плеј од Охрид. Вреди да се спомене одличниот погодок од слободен удар што за „Белите“ го постигна Мартин Мајкиќ. До крајот на лигата, охридските „Бели“ имаат уште еден заостанат натпревар со струшки АС Јунајтед (2005) и два со охридски Оск фер плеј Б и В (2004). За ФК ОХРИД играа: Генерација 2003/4: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Мартин Митрески, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Никола Кречов, Емре Мустафа и Петар Љушкоски. Генерација 2005: Онур Бешир, Петар Пацески (1 гол), Халил Ибрахим, Амар Садикоски, Хусеин Јусуф, Петар Крлески, Михаил Лолески, Валентин Блажески и Мухамед Сеидоски (2 гола). Генерација 2007: Онур Бешир, Лео Шопоски, Мартин Мајкиќ, Џан Јахја Шкор, Максим Наумоски, Јован Трпеноски, Лука Илијоски, Борис Чекреџи и Петар Сарафилоски. Галерија, Охрид 02.05.15 и Дебар 03.05.15 |
НОВОСТИФК ОХРИД
|