![]() Минимален пораз од 2:3 за охридските „Бели“ (У-13) во езерското дерби против струшки Караорман. Крајно неизвесен и возбудлив натпревар одиграа во моментов веројатно двете најдобри екипи во регионот од генерација 2002. Двата погодоци на Х. Китрозоски и Е. Алијашар беа недоволни за поволен резултат против стружани. Нерешениот резултат можеби ќе беше најреален ако се има во вид дека нашите на два пати ја погодија и пречката на противничкиот гол, но среќата повторно беше на страната на „Црвените“. Честитки на сите фудбалери што беа дел од оваа генерација во текот на целата натпреварувачка сезона и за одличниот резултат што го постигнаа. Со нивната игра, пристап и пожртвуваност, не се сомневаме дека ќе имаат уште поголеми успеси. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Христијан Китрозоски (1 гол), Климент Гиновски , Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар (1 гол), Николче Целески, Димитар Петров, Стивен Митрески, Алек Иваноски, Андреј Мирчевски, Мухамед Јахја Шкор, Томи Николоски, Петар Љушкоски, Никола Кречов и Климент Филев. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|