Деветти мај се слави како ден на Европа и ден на победата над фашизмот. Овој датум со убава симболика беше повод екипите на Охрид и Караорман да одиграат два пријателски натпревари со ген. 2002/03. Во духот на овој ден, двете екипи играа играа максимално коректни натпревари во кои резултатот беше во втор план, а најважно беше дружењето и спортувањето. Беше вистинско уживање да се следат фудбалските мајстории на младите фудбалски виртуози. Повторно покажавме дека спортот е една од најубавите работи што може да му се случи на секое детенце и дека преку него се создаваат вистински вредности што поттикнуваат взаемно почитување Им благодариме на нашите пријатели од Струга што ја прифатија поканата и беа дел од овој убав спортски настан. Погледнете ја галеријата од денешниот ден: |
НОВОСТИФК ОХРИД
|