Заврши лигашкиот дел од ФФМ Детска фудбалска лига 2014/15. За многумина можеби неочекувано, нашиот клуб кој постои само неколку месеци успеа да обезбеди учество на „фајнл фор“ турнирите од ФФМ Детската лига во две возрасни категории У-13 (2002) и У-9 (2006). Меѓутоа, оние што не следат и познаваат, знаат дека тоа не е изненадување и дека е плод на успешна и посветена работа. Момците од генерација 2004 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ во голем стил го завршија натпреварувањето во лигата освојувајќи шест бода во последните две кола против охридски ФК Оск Ф. Плеј, а генерација 2005 освои три бода во заостанатиот меч со струшки ФК Ас Јунајтед. Беа постигнати следните резултати: (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ- ФК Оск фер плеј Б 7:0 (Стрелци: Кречов Н.-3, Филев К.-2, Ариф Ј.-1, Трпоски А.-1) (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ- ФК Оск фер плеј В 3:0 (2005) ФК ОХРИД ТОП ТИМ- ФК Ас Јунајтед 3:0 Иако генерација 2004 освои дури 18 бода во пролетниот дел од натпреварувањето, сепак слабите резултати во есенскиот дел оневозможија оваа екипа да се натпреварува на „фајнл фор“ турнирот од лигата. Недостигаше само еден бод овие момци да се најдат на местото кое реално го заслужуваат и да останат во игра за регионални шампиони. Но, иднината е пред овие млади фудбалери кои ќе имаат уште многу прилики за докажување. Одлично натпреварување имаше и генерација 2005 која по бројот на освоените бодови е на делба на четвртото место, но поради послабата гол разлика и тие нема да играат на регионалниот завршен турнир. Останува да им посакаме среќа на „Белите“ од ген. 2002 и 2006 кои ќе се борат за титулата регионални шампиони која пак ќе им овозможи учество на националниот завршен турнир. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|