Викендов завршија натпреварите од четвртото коло на ФФМ Детската фудбалска лига. Генерација 2002 книжи нови три бода на своето конто по победата од 3:0 над Лабуништа. Идентичен резултат е забележан и во генерација 2004 против Евро фудбал 2 Вардар од Охрид. Добар премиерен натпревар против истиот противник одигра и ген. 2008 која успеа да го добие со 2:0. Ова коло единствено не успеавме да забележиме позитивен резултат против Оск кој го доби натпреварот во 2005, регистриран со резултат 0:7, а со 0:2 и 0:3 завршија натпреварите во ген. 2007 и 2006. Одличен натпревар одигра и ген. 2006 која се натпреварува како Б екипа во ген. 2005 против повозрасната екипа на Евро фудбал 2 Вардар. Погледнете ја галеријата од четвртото коло |
НОВОСТИФК ОХРИД
|