Нема ништо повредно од насмевката на едно дете. Денес се чувствувавме најбогати затоа што фудбалерите од ФК ОХРИД ТОП ТИМ беа причина за многу детски насмевки, со тоа што беа дел од хуманитарната спортско рекреативна акција „За посреќно детство“ што ја органираат Црвен крст од Охрид и Општина Охрид. Нивното учество на оваа манифестација овозможи нашиот клуб да донира скромни но вредни финансиски средства на организаторот кои ќе бидат наменети за помош на социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебрца. Имаше многу дружење и натпревари во повеќе спортски дисциплини. Трчавме, игравме фудбал, кошарка, ракомет, возевме точак ... Поминавме неколку заеднички убави часови со волонтерите на Црвениот крст и останатите учесници. Горди сме што уште еднаш како клуб бевме промотори на хуманоста, солидарноста, спортскиот дух и придонесовме кон подигнување на свеста кај нашите сограѓани за несебично давање на потребната помош на сите оние кои се соочуваат со социјални или здравствени потешкотии. Да спортуваме .. да бидеме хумани и солидарни .. да помагаме! |
НОВОСТИФК ОХРИД
|