Чисти победи за ген. 2004, 2005, 2006 и 2007 во мошне ефикасни натпревари во третото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Одличниот спортски викенд го најавија двете наши екипи кои се натпреваруваат во ген. 2005. Во мошне атрактивен натпревар кој изобилуваше со прекрасни голови, Б екипата од оваа генерација го совлада А тимот со 11:4. Овој ефикасен дуел помеѓу двата наши тима беше увертира во натпреварот што го играше ген. 2004 на ФК ОХРИД ТОП ТИМ против ФК Академија ИГМ 2015 од Враништа. Нашите во мошне сигурна игра го совладаа противникот со високи 14:0. Потоа следеа двете убави победи на У-09 и У-08 екипите на „Белите“ без примен гол. Прво ген. 2007 прокнижи уште една победа на своето конто, совладувајќи ја екипата на Евро фудбал 2 Вардар од Охрид, додека ген. 2006 лесно и убедливо го доби натпреварот со Академија Пандев 10 со резултат 3:0. Единствено ген. 2002 не успеа да го добие натпреварот против охридски Оск. Иако имавме водство и добра игра, сепак поради неискористените прилики за гол и двете грешки во одбраната кои ги искористија „Жолтите“ во вториот дел од натпреварот, на крајот загубивме 3 бода. Честитки за сите наши фудбалери за убавиот и ефикасен фудбал што го играат. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|