ОХРИД ТОП ТИМ го освои Меморијалниот младински фудбалски турнир „Благој Котларовски – Баги’ во Ресен30/9/2017
![]() На покана на Општина Ресен и ФК Тоталфудбал од Ресен, ФК ОХРИД ТОП ТИМ трета година со ред го претставува градот Охрид на Меморијалниот младински фудбалски турнир „Благој Котларовски – Баги’ во Ресен. Овој добар турнир е дел од познатата манифестација „Преспански јаболкобер“ што традиционално секоја година го организира градоначалникот на Општина Ресен. „Белите“ во полуфиналето вкрстија со битолски ФК Рис. Нашите фудбалери доминираа во текот на целиот натпревар и уште во првото полувреме со 4 погодоци во мрежата на противникот го решија победникот. Вториот дел продолжи со рутинска игра со која само го зголемивме нашето водство и натпреварот заврши со конечни 7:1, што значеше пласман во финалето. Второто полуфинале го доби домаќинот Тоталфудбал од Ресен кои беа подобри од битолски Топ гол. Финалето го започнавме сигурно со напади кон противничкиот гол, но домаќинот прв го отвори мечот откако го искористи нашето невнимание и успешно реализира еден контра напад. Сепак, тоа дополнително ги мотивираше нашите да нападнат кон противничкиот гол, па на полувремето успеавме да искористиме две од повеќето создадени шанси и да го свртиме резултатот во наша корист. Второто полувреме го започнавме со добар интензитет и продолживме со притисок на противничката половина што резултираше со уште еден убав погодок и водство од 3:1. Некаде на половината од вториот дел, нашите фудбалери останаа со двајца играчи кои судијата престрого одлучи да ги исклучи покажувајќи им црвени картони за недозволени стартови. Но и во таква ситуација нашите играа одлично и успешно го приведоа натпреварот до крај без да го доведат во прашање конечниот резултат и победникот на овој меч. На крај, можеме да заклучиме дека нашата екипа сосема заслужено го освоија првото место на овој добар турнир. Заслужени честитки за сите наши фудбалери што ги бранеа боите на нашиот клуб и нашиот град. Благодарност до Општина Ресен за поканата и градоначалникот на Општина Ресен што ги почести сите екипи и фудбалери со своето присуство, доделувајќи ги и пехарите и дипломите. Благодарност до екипата на Тоталфудбал од Ресен за одличната организација, добрите услови за игра и што како добри домаќини се погрижија сите екипи да имаат заеднички ручек и да се дружат во еден од рестораните во Ресен. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|