Викендов се играше третото коло од ФФМ Младинската лига. „Белите“ имаа ново гостување и тоа кај екипата на Академија Пандев од Македонски Брод. Лесен натпревар за охриѓани изразен со поголем број на погодоци. Академците беа далеку послаб противник и очекувано го загубија натпреварот со високи 0:11. Мечот се играше на исклучително лош и воопшто не обележан терен што не ги исполнува ниту основните критериуми за фудбалски натпревар и кој овие млади фудбалери не го заслужуваат. Се разбира, ризикот од повреди беше поизразен со оглед на условите за игра, па нашите фудбалери мораа да играат и повнимателно и не беа во можност во целост да уживаат во фудбалската игра и да ги покажат своите фудбалски квалитети. Погледнете моменти од натпреварот во Брод во приложената галерија со слики.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|