Викендов се одиграа натпреварите од шестото коло од ФФМ Детската фудбалска лига - Југозападен регион. Повторно следевме атрактивни и ефикасни натпревари во сите генерации. Ова коло, најубедливи беа генерација 2004 која со високи 19:0 ја совлада екипата на Лабуништа. Висока победа против кичевска Ускана од 8:0 извојува и генерација 2009, а убедливи беа и генерација 2007 кои со 3:1 беа подобри од охридски Еврофудбал 2 Вардар. Во еден добар и цврст натпревар со истиот противник во генерација 2005, по неколку неискористени шанси загубивме со 0:2, додека слаб натпревар, под своите можности одигра генерација 2006 која заслужено беше поразена со 1:7 во езерското дерби од струшки Караорман. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|