ФФМ Детска лига: Охридските „Бели“ со сигурни и убедливи победи на натпреварите во Кичево16/10/2016 Фудбалерите на ОХРИД ТОП ТИМ повторно ги полнеа противничките мрежи и во натпреварите од петтото коло од ФФМ Детската лига што се играше во Кичево. Иако се доцнеше речиси по еден час за почеток на натпреварите, сепак тоа не ги спречи нашите момци да останат концентрирани и да остварат три убедливи победи со доста погодоци против Париз, Велешта и Евро фудбал 2 - Вардар. Генерација 2004 со четири погодоци во противничката мрежа го совлада кичевски Париз. Рутинирана победа против Велешта имаше генерација 2006 која шест пати стрелаше во мрежата на противникот. Ова коло, повторно најефикасна беше генерација 2008 која постигна 8 убави гола во сигурната победа против охридски Еврофудбал 2 Вардар. Генерација 2005 одигра одлично второ полувреме против кичевски Париз во кое постигнаа два погодоци, но на крај тоа не беше доволно за победа. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|