Нов забележителен настап на нашите фудбалери во третото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Нови победи забележаа ген. 2005, 2006 и 2009. Генерација 2004 минимално беше поразена во дерби натпреварот со минатогодишниот шампион ФК Велешта во натпревар во кој ние доминиравме и постигнавме три погодоци но гостите ги користеа своите шанси за гол повеќе. Генерација 2005 го доби натпреварот со ФК Караорман со 0:3, а од истиот противник беше поразена генерација 2007. Одличен меч одигра генерација 2006 која убедливо ги надигра кичевски Париз со високи 8:0. Генерација 2008 одигра ефикасно со Ла масиа но не успеа да го добие натпреварот, а генерација 2009 убедливо, со повеќе голови разлика ја совлада кичевска Ускана.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|