Фудбалерите на ОХРИД ТОП ТИМ беа исклучително расположени за постигнување на голови во четвртото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Нашите момци постигнаа повеќе од 40 погодоци во само пет натпревари. Генерација 2006 постигна 11 гола и без ниту еден примен убедливо ја совлада А екипата на ФК Велешта. Доминатна игра против Ускана од Кичево имаше и генерација 2005 која постигна 12 а прими само два гола. Најефикасни беа генерација 2008 која против истиот противник постигна 15 погодоци без да прими ниту еден гол. Противничките мрежи ги стрелаа и генерација 2007 која одигра одлично второ полувреме и не искористи многу гол прилики против кичевски Париз. Двата погодоци не беа доволни за позитивен резултат во оваа генерација која прими четири гола од прекин. Два пати противничката мрежа ја тресеше и генерација 2009 која на крајот испушти сигурна победа и одигра нерешено со охридски Оск фер плеј. Честитки за сите наши фудбалери за одличната и ефикасна игра. Беше вистинско задоволство да се следи нивната игра ова коло. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|