Охриѓани денес беа домаќини на струшки Караорман во последното коло од есенската полусезона на ФФМ Младинската лига за играчи родени 2002 година. Фудбалерите на двете екипи понудија вистински дерби натпревар за уживање, со повеќе голови и неколку пресврти. Почетокот на натпреварот им припадна на „Белите“ кои вршеа постојан притисок на гостинскиот гол и создаваа шанси кои не ги користеа. Кон средината на првото полувреме, нашиот напаѓач излезе очи во очи пред противничкиот голман и грубо, со боречки зафат од зад грб, беше соборен од противнички играч. Главниот судија, спротивно на фудбалските правила, не го санкционира прекршокот со директен црвен картон. Без оваа судиска грешка извесно е дека натпреварот ќе имаше поинаков тек. Пред крајот на првиот дел, стружани успеаа да постигнат погодок и на полувреме се отиде со резултат од 0:1. Нашите повторно започнаа поангажирано на стартот од вториот дел од натпреварот и со два погодоци во противничката мрежа, успеаа да го свртат натпреварот во сопствена корист. Сепак, несватливиот пад на концетрација на нашите играчи од одбраната, го искористија стружани и со три погодоци во само пет минути дојдоа до водство од 2:4. До крајот на натпреварот, успеавме уште еднаш да ја затресеме мрежата на противникот за минимален пораз и конечни 3:4. Честитки за сите фудбалери што оваа полусезона ги бранеа боите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Следното коло од лигата ќе се игра во втората полусезона што ќе започне во пролетниот дел. Уживајте во дел од моментите на натпреварот „уловени“ со објективот на Михаил Постолоски,
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|