Вистински празник на фудбалот денеска во Охрид. Повеќе од 100 деца од екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ од Охрид, ФК Караорман од Струга и ФК Фљамуртари од Радолишта играа неколку пријателски натпревари во различни возрасни категории на теренот со вештачка трева на СРЦ Билјанини извори. Организатор и домаќин на натпреварувањето по повод велигденските празници беше ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Сите натпревари поминаа во извонредно релаксирана и другарска атмосфера. Убавото време само придонесе сите присутни да уживаат во фудбалските мајстории на младите фудбалери. „Белите“ ги постигнаа следните резултати: (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Фљамуртари 2:1 (Стрелци за ФК ОХРИД: Крлески Петар и Блажески Валентин) (2003/04) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Фљамуртари 3:0 (Стрелци за ФК ОХРИД: Емре Мустафа – 2, Филев Климент) (2003/04) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Караорман 1:1 (2005) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Фљамуртари 0:0 (2002) ФК ОХРИД ТОП ТИМ- ФК Караорман 1:4 (Стрелец за ФК ОХРИД: Иваноски Алек) (2007/08/09) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Фљамуртари 2:4 (Стрелец за ФК ОХРИД: Наумоски Максим – 2) Сите што не беа присутни на СРЦ Билјанини извори, може да почуствуваат дел од денешниот амбиент на галеријата со слики: |
НОВОСТИФК ОХРИД
|