Охридски „Вардар“ (2002) се спасуваше од пораз во последните секунди со правилото скратен корнер4/4/2015 Четвртото коло (пролет) од ФФМ Детската фудбалска лига – Југозападен регион се играше во Струга, на стадионот на Караорман. „Белите“ одиграа неколку тешки натпревари со сите генерации против охридските екипи „Еврофудбал 2 - Вардар“ и „Академија Пандев 10“. Генерација 2006 оствари сигурна победа против охридските „црвено црни“, а генерација 2004, иако ослабена, лесно и уверливо ги совлада „Академија Пандев 10 Б“. Екипите од генерација 2003 и 2005 беа поразени од „Академците“. Највозбудливиот натпревар го одигра генерација 2002 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ испуштајќи победа против охридски „Вардар“ кои во последните секунди на натпреварот изедначија благодарение на правилото „скратен корнер“. Беа постигнати следните резултати: (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид – ФК Еврофудбал 2 Вардар Охрид 3:1 (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид – ФК Академија Пандев 10 Б Охрид 4:0 (2002) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид – ФК Еврофудбал 2 Вардар Охрид 2:2 (2003) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид – ФК Академија Пандев 10 Охрид 1:7 (2005) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид – ФК Академија Пандев 10 Охрид 0:9 За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Генерација 2002: Христијан Китрозоски (2 гола), Климент Гиновски, Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар, Петар Љушкоски, Томи Николоски, Николче Целески, Алек Иваноски, Максут Зекир, Мухамед Јахја Шкор, Никола Кречов и Климент Филев. Генерација 2003: Иво Спироски, Петар Љушкоски, Емре Мустафа (1 гол), Томи Николоски, Марко Крлевски, Хадис Рифат, Јусуф Ариф, Климент Филев и Никола Кречов. Генерација 2004: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Мухамед Јахја Шкор (1 гол), Климент Филев, Јусуф Ариф (1 гол), Хадис Рифат, Садикоски Амар (1 гол), Марко Крлевски (1 гол), Пацески Петар и Хусеин Јусуф. Генерација 2005: Онур Бешир, Петар Пацески, Халил Ибрахим, Амар Садикоски, Хусеин Јусуф, Петар Крлески, Михаил Лолески, Валентин Блажески, Давид Кузманоски и Мухамед Сеидоски. Генерација 2006: Онур Бешир, Борис Чекреџи,Петар Крлески, Михаил Лолески, Валентин Блажески, Давид Кузманоски (2 гола), Мухамед Сеидоски (1 гол), Лео Шопоски, Мартин Мајкиќ и Максим Наумоски. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|