Познато е дека преку храната се внесуваат енергија и сите непоходни состојки за правилен раст, развој и регенерација. Правилната исхрана подразбира баланс меѓу она што го внесуваме и она што го трошиме. Неправилната исхрана не само што влијае врз намалување на натпреварувачките способности кај спортистите, туку може да предизвика и одредени заболувања, особено кај младите лица, кои сеуште се во период на раст и развој. Сите оние кои сакаат да слушнат и научат повеќе за историјата на спортската исхрана, суплементацијата во спортот и исхрана после физичката активност, ги покануваме на предавањето што ќе го одржи Др. Оливер Бојчески, специјалист по спортска медицина, на 23.04.2015 (четврток) во 19.00 часот, во големата сала на Општина Охрид. Воедно, на овој настан ќе бидат промовирани и книгите за исхрана во спортот од Др. Бојчески. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|