![]() Нашите фудбалери имаа перфектен спортски учинок минатиот викенд во натпреварите од ФФМ Детската фудбалска лига. После победата над охридски Фер Плеј минатото коло, генерација 2006 и ова кола со нови шест погодоци ја продолжи перфектната низа на победи на гостувањето во Кичево со ФК Париз. Одлични беа и генерација 2007 која во „Езерското дерби“ убедливо со 7:2 го надигра струшки Караорман. Генерација 2008 исто така постигна шест погодоци во победата со кичевски Париз. Две победи на гостувањето во Кичево имаше и генреација 2009 која два пати стрелаше со ФК Ускана и четири шати со ФК Париз. Генерација 2010, пак, со пет постигнати погодоци го совлада струшки Караорман. Викендов се играа и натпреварите од првата ФФМ Младинска лига во категории петлиња и помлади петлиња. Одличен меч одиграа У-14 кои ја надиграа и совладаа прилепска Победа со 4:1, додека момците од У-15, по одличните 2:2 со битолски Пелистер минатиот викенд, ова коло беа единствена поразена екипа на гостувањето кај прилепска Победа. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|