![]() Охридските „Бели“ беа домаќини на штипска Брегалница со кои одигравме неколку пријателски натпревари во повеќе возрасни категории. Спортското дружење и одличната атмосфера што ја направија најмладите фудбалерчина од Охрид и Штип е одлична увертира на петтиот фудбалски трунир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ што наредната недела од 19 до 22 јуни ќе се игра на главниот терен на СРЦ Билјанини извори. Покрај домаќинот ОХРИД ТОП ТИМ повеќе реномирани екипи меѓу кои и Работнички, Победа, Пелистер, Неготино, Караорман, Њустарс, Биџо Куманово и други ќе бидат дел од овогодинешнот издание на турнирот. Овој турнир е единствен не само во нашата земја туку и во регионот по тоа што се игра по однапред утврден формат и со ограничен број на екипи што им овозможува на сите учесници максимално да уживаат во фудбалската игра, но и да уживаат во престојот во Охрид имајќи доволно време да ги видат и почувствуваат сите убави работи што ги нуди нашиот град. Спортските резултати во ова натпреварување не се најважни. Цеталта е на децата да им се исполни желбата за фудбалско надигрување и преку спортот да создаваме генерации кои првенствено ќе ги красат добри човечки особини, а потоа и спортска умешност. Обврска на сите учесници на турнирот ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ е да се однесуваат чесно и во согласност со највисоките морални и етички норми . Овој фудбалски настан е внесен и во календарот на детски фудбалски турнир на Фудбалската федерација на Македонија и се игра според правилата на федерацијата. Организирањето на вакви форми на спортско натпреварување добро влијае врз психофизичкото здравје на децата кои се мотивираат да спортуваат и успешно се социјализираат. Нивното институционализирање со давање на легитимитет од страна на спортските федерации, како што во случајов е Фудбалската федерација на Македонија, овозможува неутрализирање на сите ризици по здравјето на децата и дава дополнителна сигурност кај учесниците за фер и коректно натпреварување. Повеќе информации за турнирот може да се добијат ТУКА. Ве очекуваме заедно да уживаме во фудбалските мајстории на овие млади фудбалерчиња во престојната спортска недела |
НОВОСТИФК ОХРИД
|