Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одржа седница на која донесе одлука да го прифати предлогот на Комисијата за младински фудбал за целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите конкуренции. За жал, со оваа одлука, објавена на веб страната на ФФМ (https://ffm.mk/sednica-na-upraven-odbor-na-fudbalska-federacija-na-makedonija), фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ кои се натпреваруваа во Регионалната младинска лига (категорија помлади петлиња) нема да бидат во можност да го подигнат шампионскиот пехар иако играа одлична сезона и во текот на целата сезона беа лидери на табелата. До моментот на прекин на првенството охриѓани беа по сите основи најдобриот тим во регионот и се наоѓаа на првото место на табелата со најмногу освоени бодови, најмногу победи, најмногу постигнати и најмалку примени голови во првенството, односно гол разлика од дури +33. Ако минатата сезона оваа екипа заврши во најдобрите 4 екипи во Македонија во својата генерација, оваа сезона отидоа чекор понапред и својата доминација ја потврдија и во младинските лиги. Веруваме дека оваа вонредна ситуација брзо ќе се надмине и дека Охрид ќе продолжи создава фудбалери и спортисти со кои сите ќе можеме да се гордееме. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|