ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

ЗАНИМЛИВОСТИ

Историја на фудбалот

6/10/2014

Comments

 
Picture
Фудбалот, несомнено, е најпопуларниот спорт на денешницата. Меѓутоа, дали знаеме од кога потекнува оваа игра и кога ја добива денешната форма на натпреварување? 
Следи еден краток преглед на историскиот развој на оваа спортска игра.

Picture
Најстарите документирани докази за игри со топка, слични на фудбалот, се стари преку 2200 години и тоа околу 200 година пред нашата ера во Кина каде постоела игра наречена Цу чу (Thsu shu). Учесниците се обидувале да протнат топка направена од животинска кожа низ дупка од мрежа распната помеѓу два бамбусови стапа високи 10 метри. Интересно е што оваа игра била дел од строгата војничка обука на редовната Кинеска војска.

Друг облик на игра со топка, претходник на современиот фудбал, е играта Kamari што се појавила во Јапонија, 500 год. подоцна отколку во Кина. Играта немала натпреварувачки карактер и не постоел физички контакт помеѓу учесниците. Играчите си ја додавале топката која не смеела да падне на земја.

Во Мексико и Централна Америка, во периодот помеѓу 600 и 1600 година, се играла игра со гумена топка, на терен долг 12-15 метри во форма на правоаголник со ѕид на средина на кој се наоѓала дупка. Целта на играта била топката да се вовлече низ дупката.

Американските Индијанци во Северна Америка, во 16 век, играле игра со топка наречена „Psuschuakohowor“ или во превод „да се собереме и да ја удираме топката со нога“. Играчите биле украсени со разни накити и исшарани во воени бои и не се препознавале визуелно меѓу себе.
Picture
Сепак, фудбалската игра каква што ја познаваме денеска настанала во Англија и Шкотска, а корените се некаде околу 8 век. Се разбира, во тоа време не постоеле правила и игрите биле малку организирани, повеќе насилни и спонтани и учествувале неограничен број играчи. Повремено во игрите учествувале тимови од села и градови и се играло на улица, пазари или полиња. Головите се поставувале на оддалеченост и до 50 км. Понекогаш околу 1000 играчи во занес по топката знаеле да уништат цели села и населби.  Интересно е да се спомене дека поради грубоста на спортот оваа игра била забранувана од некои англиски и шкотски владетели. На пример, во декретот на Џејмс I од 1424 година се вели: „Ниеден човек нема да игра фудбал“. Меѓутоа, популарноста на играта постојано растела и покрај сите забрани и мерки за нејзино спречување.

Picture
Калчо - 1688
За разлика од играта во Англија која била груба и 500 години не претрпела поголеми измени, во Италија, за време на ренесансата, се играл друг вид на фудбал наречен „calcio“ (калчо). Играта била далеку поорганизирана, а играчите биле облечени со дресови во различни бои за екипите. Оваа игра со топка се играла на свечености и празници во Фиренца. 
Почетокот на 19 век е време кога почнало да се игра фудбал во познатите јавни училишта во Англија. Околу 1801 година фудбалските правила се усовршиле и тимовите морале да имаат ист број на играчи, а фудбалскиот терен не смеел да биде подолг од 70,9 м. Се играло нешто помеѓу рагби и фудбал. Правилата се менувале и во наредните години, се додека овие два спорта конечно не се разграничиле.

Првиот фудбалски клуб „Шефилд“ (Sheffield FC) е основан во Шефилд Англија на 24 Октомври 1857 година. Овој клуб е се’ уште активен и се смета за најстар фудбалски клуб на светот. Датумот на неговото основање се смета за роденден на фудбалот. Шест години по основањето на првиот клуб, во Лондон, Англија, претставници од 11 клубови го формирале и првиот фудбалски сојуз (football association – FA). Во 1871 година, ФА го организира првото официјално фудбалско натпреварување – ФА купот.
Picture
Picture
Постепено се формирале и други национални сојузи, а во 1904 година била формирана ФИФА (Fédération Internationale de Football Association). Првиот меѓународен натпревар се одиграл помеѓу Шкотска и Англија во 1872 година, а првото Светско првенство во кое учествувале 13 земји се играло во Уругвај 1930 година. Првата титула Светски шампион ја освоил домаќинот Уругвај. 

На овој начин започнала модерната историја на најважната споредна работа на светот – ФУДБАЛОТ! 
Comments
    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    ФК ОХРИД 
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид

    Picture

    RSS Feed Widget
    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.