ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

ЗАНИМЛИВОСТИ

Времеплов: Фудбалот во Македонија

22/10/2014

Comments

 
Picture
Во претходниот текст прочитавме како и кога започнала фудбалската игра. Се разбира, оваа игра уште одамна стекнла популарност и во нашата земја. Но, колку од нас знаат од кога се игра фудбал во Македонија? Дали знаеме кој и кога го одиграл првиот фудбалски натпревар кај нас? Дали ви е познато дека со натпреварот што Македонија го играше во Скопје во август 2009 година против тогашниот Европски шампион Шпанија (2:3) се прославија 100 години фудбал во нашата земја? Во следниот текст можете да прочитате неколку интересни моменти за почетоците и развојот на фудбалот во Македонија. 

Фудбал во Македонија се игра повеќе од 100 години. Постои податок дека почетоците на фудбалската игра во Македонија датираат од 19-тиот век. Сепак, како роденден на фудбалот во Македонија се смета 09 Април 1909 година. На овој ден, турски офицери го одиграле првиот фудбалски натпревар во нашата земја во дворот во воената турска касарна кај населбата „Идадија“ во Скопје.

Првиот клуб во Македонија го формирале Турците во 1911 година под името Скопје (Ускип), додека првиот официјално регистриран клуб во Македонија во 1912 година бил СК Вардар од Скопје (овој клуб не е истиот со денешниот скопски Вардар кој е формиран 1947).
Како прв официјален натпревар, а воедно и меѓународен натпревар кај нас, се смета натпреварот одигран на 20 Април 1919 година помеѓу селекцијата на англиската војска и СК Напредак од Скопје. Во чест на тој натпревар, во 1978 година беше подигнат и споменик.
Picture
Кликни на сликата за поголема
После овој натпревар, во многу градови почнале да се формираат спортски клубови кои најчесто биле самоорганизирани и препуштени сами на себе. Во 1924 година дел од клубовите биле примени во Скопската фудбалска жупа која била дел од Белградскиот фудбалски потсојуз. Во 1927 година се формирал и Скопски фудбалски потсојуз  во кој членувале не само клубови од тогашна Македонија (Вардарска бановина), туку и од Врање, Лесковац, Косово па дури и Црна Гора (Горица). Прв македонски прволигаш во шампионатот на кралска Југославија бил Скопски „Граѓански“ во сезоната 1938/39.

За време на германско бугарската окупација во Втората светска војна, десеттина македонски клубови биле примени во Бугарската фудбалска федерација и се натпреварувале во Првата и Втората бугарска дивизија. Во текот на војната селекцијата на македонските клубови играла против селекцијата на германската и на бугарската армија. Многу македонски играчи во овој период биле и дел од бугарскиот национален тим;

Во есента 1945 година, била формирана првата Македонска фудбалска репрезентација која учествувала на првото повоено првенство во Југославија. Првиот натпревар против екипата на Војводина го загубила со 1:3, а стрелец на голот за Македонија бил Јане Јаневски.

Во 1945 година, бил оформен Одбор за фудбал како дел од Спортскиот сојуз на Македонија под претседателство на Густав Влахов што придонело за омасовување на македонскио фудбал. Овој одбор прераснал во Фудбалски сојуз на Македонија на 16 Август 1948 година. Прв претседател бил писателот Коле Чашуле, а прв генерален секретар фудбалската легенда Драган Геров – Гагуш. Овој сојуз на на 14 август 1949 година станал дел од Фудбалскиот сојуз на Југославија;

По Втората светска војна во Првата сојузна лига на Југославија се натпреварувале и други македонски клубови, почнувајќи од Победа (Скопје), па скопските тимови Вардар и Работнички, а потоа и Тетекс од Тетово. Најуспешен тим меѓу прволигашите бил скопски Вардар кој во 1961 година го освоил југословенскиот Куп, а во натпреварувачката 1986/87 година стигнал и до шампионската титула во Југославија.

Првото независно собрание на Фудбалскиот сојуз на Македонија во независна Република Маедонија се одржало на 7 февруари 1993 година. Македонија станува полноправна членка на ФИФА и УЕФА во 1994 година.

Првиот официјален натпревар на Македонската фудбалска репрезентација по независноста се одиграл во Крањ, Словенија на 13 Октомври 1993 против репрезентацијата на Словенија. Натпреварот завршил со победа од 4:1 за Македонија, а стрелец на првиот гол за Македонија бил Зоран Бошковски – Чоко. Почнувајќи од квалификациите за европското првенство 1996 па навака, Македонија учествува на сите натпревари на ФИФА и УЕФА.

Прв шампион во независна Македонија бил ФК Вардар од Скопје (сезона 1992/93). Истата екипа го освои и првиот фудбалскиКуп на Македонија (1993) совладувајќи го во финалето битолски Пелистер.
Видео; Првиот натпревар на Македонската репрезентација
Видео: Првото финале на Купот на Македонија


Кратка историја на Фудбалскиот клуб Охрид
PictureФК ОХРИД 1926 година (кликни на сликата за поголема)
Фудбалскиот клуб Охрид бил еден од најстарите фудбалски клубови формирани во Македонија и воопшто на Блаканот. Почетоците на клубот биле во далечната 1921 година кога е формиран тогашниот ОСК Охрид. Под името ФК Охрид се натпреварувал од 1946 година кога под тоа име се фузираат охридските фудбалски клубови: ОСК, ФК Охридски бранови, ФК Југославија, ФК Рашанец и ФК Граѓански. 

PictureФК Охрид 1973 (кликни на сликата за поголема)
Клубот за прв пат се натпреварувал во Македонската фудбалска лига уште во времето на поранешна Југославија, во 1948 година, кога завршил на осмото место. Еден од најзаслужните за развој на фудбалот во Охрид во тоа време бил тогашниот тренер на клубот, инжинер Бошко Симоновиќ (селектор на репрезентацијата на Југославија која го освои третото место на светското фудбалско првенство во Уругвај 1930 година). Во 1950 година Охрид завршил на седмото место, а една година подоцна го освоил шестото место во Македонската лига.

Клубот се натпреварувал и во купот на поранешна Југославија. Најголемиот успех бил постигнат во 1973 годна кога ФК Охрид го освоил купот на Македонија и обезбедил пласман во 1/16 финалето од Купот на Југославија. Натпреварот со Борец од Бања Лука минимално го загубиле со 3:4.

Од прогласувањето на независноста на Македонија па се' до 2013 година, клубот се натпреварувал во III-та, II-та и 3 сезони (1994/95 - 8мо место, 1995/6 - 13то место и 2011/12 - 11то место) во I-та Македонска фудбалска лига. Неколку пати е освојувач на општинскиот куп и настапувал во националниот куп. Во сезоната 1993/94 е освојувач на шампионатот во II-та Македонска фудбалска лига (запад). Од редовите на ФК Охрид произлегле неколку одлични фудбалери кои своевремено биле репрезентативци на поранешна Југославија и Македонија, како што се: Здравко Точко (младински репрезентативец на Југославија), Џевдет Шаиновски, Данчо Целевски, Мирослав Ѓокиќ (репрезентативци на Македонија). 

Comments
    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    ФК ОХРИД 
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид

    Picture

    RSS Feed Widget
    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.