Попладнево, на градскиот стадион во Дебар, екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ гостуваше на екипата на Кораб од Дебар каде се одигра првенствен натпревар од Младинската У-15 лига - Езерски регион. Охриѓани одиграа одличен и ефикасен меч и ја забележаа првата победа во рамките на новото натпреварување. Уште во првото полувреме „Белите“ покажаа класа и постигнаа четири погодоци во мрежата на домаќинот, за во вториот дел да го зголемат водството на 0:6. Пред самиот крај на натпреварот, нашите фудбалери се опуштија што резултираше со еден погодок од најстрога казна и еден од игра за дебрани и конечни 2:6. За одбележување е ефикасната игра на Енис Дани кој постигна пет погодоци за охриѓани, а еднаш во листата на стрелци се запиша и Петар Војдиноски.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|