![]() Трет натпревар во само една недела за охридски „Бели“ во рамките на младинската У-15 фудбалска лига. Во рамките на третото коло од лигата ФК ОХРИД ТОП ТИМ гостуваше во Струга каде одигра меч со ФК Влазними. Второто гостување во само четири дена се одрази на играта на „Белите“ кои иако доминираа на натпреварот, не успеаа да се вратат со целиот плен. Првото полувреме се играше попретпазливо на двете страни и заврши без голови. Вториот дел нашите ја презедоа иницијативата и успеаа да создат неколку изгледни ситуации за гол кои не ги искористивме по што по една контра по наша грешка, противнокот не казни и постигна погодок. Охриѓани почнаа уште повеќе да напаѓаат и создадоа дури три ситуации со шут од скратен корнер кои за жал не ги искористивме, за да со погодок пред крајот на мечот го изедначиме резултатот за конечни 1:1. Повторно останува да жалиме за пропуштените прилики и бодови но мора да бидеме задоволни од играта и залагањето што го прикажуваат нашите млади фудбалери.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|