![]() Викендов се играше второто коло од ФФМ Детската лига – Југозападен регион. ФК ОХРИД ТОП ТИМ се натпреварува во лигата со сите возрасни категории. Највозрасните генерации имаа максимален учинок во првите две кола, откако генерација 2005 регистрира победи со двете кичевски екипи ФК Париз и ФК Кичево со идентичен резултат од 3:0, а генерација 2006 регистрира две победи и тоа со струшки Караорман (3:0) и со ФК Велешта (5:2). Одлични натпревари одиграа и помалите генерации. Генерација 2007 ја совлада Велешта со 6 погодоци во противничката мрежа, додека не ги искористивме нашите шанси и не постигнавме погодок со охридски Евро фудбал 2 – Вардар. Добри натпревари играше и генерација 2008 која еднаш стрелаше со кичевски Париз. Нашите најмлади фудбалери кои се натпреваруваа во генерација 2009 и 2010 исто така не израдуваа со неколку погодоци во премиерните за нив две кола од детската лига. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|