Денес „Белите“ го играа третото пролетно коло од ФФМ детската фудбалска лига. Генерација 2006 со шест погодоци во противничката мрежа славеше рутинирана и лесна победа над кичевски Париз и ја продолжи победничката низа во лигата. Мошне добар и неизвесен натпревар одигра и генерација 2007 во „Езерското дерби’ со струшки Караорман. Иако два пати стрелавме во голот на противникот, сепак, на крај пресуди нефудбалското правило „три корнери – пенал“ за минимален пораз од стружани. Генерација 2004 и 2008 одиграа под своите можности. Повозрасните иако постигнаа четири погодоци не го завршија натпреварот во своја корист, а неефикасната игра на помладите ова коло со само еден постигнат гол ги чинеше загубен натпревар од Ла масија.
Ова коло беа слободни генерација 2005 и 2009. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|