Викендов, на теренот на ФК Караороман во Струга се одиграа натпреварите од ФФМ Детската фудбалска лига. „Белите“ во сите генерации играа силни натпревари со квалитетни противници, во кои не изостана нашата ефикасна игра.
Генерација 2008 го одигра најефикасниот натпревар поставувајќи висока победа над кичевска Ускана. Генерација 2006 пропушти сигурно водство од два гола разлика во последните секунди од мечот и изигра без победниk со Кораб од Дебар, додека во тромечот со ФК Фљамуртари со ген. 2004, 2005 и 2007 подборо се снајдоа радолиштани кои го неутрализираа нашето водство и со пресврт стигнаа до победи. За пофалба е и залагањето на ген. 2009 која создаде повеќе шанси но само еднаш стрелаше во поразот од Ла масиа. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|