![]() Вечерва, во прекрасниот амбиент што го нуди lounge bar NОА на брегот на езерото, ФК ОХРИД ТОП ТИМ организираше свечен коктел за родителите и пријателите на клубот. Во топла и релаксирана атмосфера, присутните имаа можност подетално да се запознаат со сработеното во годината што изминува и им беа презентирани дел од програмата и плановите за следната година. Голема благодарност до сите родители кои во неформалните разговори искажаа максимална поддршка и задоволство од работата на клубот. Им благодариме и на сите оние кои на било каков начин во изминатиот период не’ помагаа и со своето присуство ја потврдија својата поддршка кон она што до сега го работиме. Исто така им благодариме и на кафе бар НОА затоа што се погрижија сите гости да се чувствуваат удобно и да уживаат во дел од нивните специјалитети. На свеченоста беа доделени и неколку Благодарници и Признанија за сите што дадоа свој придонес во развојот на клубот. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|