Симболично, на ден пред почетокот на Светското фудбалско првенство, почнува со работа фудбалската школа на ФК Охрид Топ Тим. Првиот тренинг ќе се оддржи во среда (11.06.2014) со почеток во 17.00 часот на СРЦ Билјанини извори. Сите дечиња и родители се добредојдени подетално да се запознаат со начинот и програмата за работа на школата. Целта на школата е децата да го засакаат спортот и преку него да создадеме генерации кои првенствено ќе ги красат добри човечки особини а потоа и спортска умешност. Главен тренер е проф. Наум Јанкулоски, дипломиран професор по фудбал и координатор на ФФМ Детската фудбалска лига од нашиот регион. Тоа гарантира СТРУЧНА и ПЕДАГОШКА работа со секое дете преку многу забава и дружење. Доколку сакате да бидете дел од нашата школа може да се пријавите со пополнување на ПРИЈАВЕН ЛИСТ и истиот да го вратите на нашата имејл адеса или, пак, може лично да дојдете на закажаниот тренинг. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!! |
НОВОСТИФК ОХРИД
|