Денес, на СРЦ Билјанини извори во Охрид се играа пријателски натпревари во повеќе возрасни категории помеѓу екипите на ФК ОХРИД Топ Тим и ФК БОРЕЦ Јуниор од Велес. Момците од двете екипии другаруваа повеќе од два часа при што играа атрактивен фудбал со многу постигнати голови. Екипата на ФК ОХРИД Топ Тим овие натпревари ги играше во новата спортска опрема „Лескон“ што ја обезбедија бутиците „Ричи“ и спортската продавница „Лескон“. Во името на сите млади фудбалерчиња изразуваме јавна благодарност до нив затоа што несебично го помогнаа нашиот фудбалски клуб, а со тоа и спортот и фудбалот во Охрид. Галерија: ФК ОХРИД Топ Тим - ФК БОРЕЦ Јуниор, 10.07.2014 |
НОВОСТИФК ОХРИД
|