После вчерашното финале од Светското фудбалско првенство, денес, екипите на ФК ОХРИД Топ Тим и нашите домаќини, ФШ „ЛГ“ од Битола, ни приредија уште едно огромно фудбалско уживање играјќи неколку пријателски натпревари на стадионот во Новаци. Многу дечиња истрчаа на теренот и одиграа четири добри натпревари во различни возрасни категории. Победуваа сите. Имаше многу голови, спортска борба, атрактивна игра, фер плеј и се разбира многу дружење и другарување. ФК ОХРИД Топ Тим беше подобар во натпреварите со генерации 2003/4 и помлади и 2006 и помлади, додека Битолчани беа подобри со генерација 2002 и помлади и генерација 2005 и помлади. Голови за ФК ОХРИД Топ Тим постигнуваа Емре Мустафа (2), Петар Љушкоски (1), Мухамед Јахја Шкор (1) и Валентин Блажески (3). Секако, заслужни за тоа се сите момци кои допатуваа во Битола и играа добар фудбал. Благодарност до ФШ „ЛГ“ од Битола за добрата организација на натпреварите и што ни овозможија денеска да бидиме нивни гости. Беа одлични домаќини. За да биде целосно уживањето, слободното време што го имаше нашата екипа го искористивме за посета на Зоолошката градина во Битола. Уживајте во галеријата од денешното гостување. Галерија, 14.07.2014 |
НОВОСТИФК ОХРИД
|