Претставници на ФК ОХРИД Топ Тим, г-н Наум Јанкуловски и г-н Александар Трајков, денеска, во својство на организатори на ФФМ Детската фудбалска лига - Југозападен регион, беа на работен состанок во Фудбалската Федерација на Македонија во Скопје со организаторите од сите регионални детски лиги. На состанокот беа презентирани искуствата од минатата сезона од детската лига и беа утврдени правилниците и насоките за организација за следната сезона од лигата. Постета на „Куќата на фудбалот“ при ФФМ беше искористена да се остварат кратки средби и да се разменат одредени искуства со Грасрут менаџерот на федерацијата и секретар на националната „А“ селекција г-н Бојан Марковски, со првиот селектор на Македонската фудбалска репрезентација г-н Андон Дончевски како и со претставници од ФК Работнички од Скопје. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|