30 погодоци на 3 натпревари - Одличен старт на „Белите“ во новата сезона од ФФМ Детската лига17/9/2016 ![]() ФК ОХРИД ТОП ТИМ не можеше ни да посака подобар старт на новата сезона од ФФМ Детската фудбалска лига. Денес, на СРЦ Билјанини извори во Охрид нашите фудбалери имаа сто отстотен учинок и со четири победи во исто толку натпревари во различни возрасни категории одлично ја отворија новата натпреварувачка сезона. Серијата успешни резултати најпрво ја навести генерација 2006 која играше против ФК Ла Маса од Охрид. Уште во првото полувреме нашите со доминатна игра и 10 погодоци во мрежата на противникот покажаа дека денес ќе имаат лесна задача. Во вториот дел, шанса за игра добија играчите кои имаат помала минутажа и тоа одлично го искористија со нови 5 погодоци во мрежата на противникот за конечни и убедливи 15:1. По нив следеше натпревар на генерација 2009 која играше против комбиниран тим од ген. 2008/09 од ФК Ускана од Кичево. По почетното водство на кичевчани, нашите со два погодоци се вратија во игра и го свртеа резултатот. Кичевчани повторно заводеа со 2:3, по што следеше одлична игра игра на нашите со постојан притисок на противничкиот гол при што нашите најмали постигнаа дури 7 погодоци за убава победа од 7:4. Успешанта и ефикасна серија победи ја затвори генерација 2004 која исто така доминираше во езерското дерби со струшки Караорман и 8 пати стрелаше во мрежата на противникот за убедливи 8:3. Генерација 2008 имаше натпревар со радолишки Фљамуртари Б. Нашите момци мошне одлучно влегоа во натпреварот и создадоа низа шанси кои не ги искористија пред противничкиот гол. Пред крајот на полувремето, по реакција на нашата екипа дека во тимот на Фљамуртари играат играчи кои немаат право да настапуваат во екипата, радолиштани наместо да ги направат потребните замени, се одлучија на исклучително непопуларен потег целосно да ја повлечат својата екипа од натпреварот и да не го доиграат. На крај, останува да им честитаме на сите наши фудбалерчина кои гордо и со голем успех ги бранеа боите на ОХРИД ТОП ТИМ. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|