ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

ФФМ Детска лига: „Белите“ ја надиграа Велешта. Париз и Ускана избегнаа пораз.

8/4/2017

 
Picture
Уште едно одлично и ефикасно коло за охридските „Бели“ што се играше во Кичево. Генерација 2006 очекувано и сигурно, со три погодоци во противничкиот гол ја совлада екипата на Велешта. Одлични меч играше и генерација 2007 која испушти сигурно водство од 2:0 против екипата на Париз од Кичево. Кичевчани со сомнително досуден пенал се спасија од пораз на овој натпревар во кој ние не искористивме уште неколку добри прилики за гол.
​
Мошне добар натпревар одигра и комбинираната екипа од генерација 2005 и 2006 против кичевска Ускана. Охриѓани на два пати доаѓаа во водство но Кичевчани кои надвор од правилата на лигата играа со неколку повозрасни играчи успеаја да се спасат од пораз. Екипата на Ускана со повозрасни фудбалери настапи и во генерација 2008. И покрај тоа, нашите постојано вршеа притисок на противничкиот гол а еднаш успеаја да го совладаат и противничкиот голман кој очигледно не смееше да настапува на денешниот натпревар.

За жал, веќе стана пракса во лигата да се натпреваруваат екипи кои играат во најмала рака нечесно, натпреварувајќи се со нерегистрирани играчи, а неретко и со повозрасни играчи од категоријата во која пријавиле екипа. Нашиот клуб и денес се соочи со такви ситуации кои исклучително му штетат на лигата, на фудбалот и на младите фудбалерчиња со тоа што се изложени на повисок ризик на повреди, што и неретко се случуваат кога повозрасни играчи играат во помлади категории, а се случија и денес.

Оваа неконтролирана ситуација во која се пријавуваат и прифаќаат екипи кои воопшто немале или немаат регистрирани играчи за да се натпреваруваат во одредена категорија во целост го компромитира натпреварувањето и води кон низа други неправилности. Ни се случува да судат судии (понекогаш и странски државјани) кои не ги познаваат правилата во детскиот фудбал или создаваат свои правила. Се случуваат ситуации кога играчите ги пцујат и навредуваат играчите од другата екипа, а поминуваат неказнето. Се случува родители да пцујат и со крајно непристоен речник да ги навредуваат противничките тренери со што се дава исклучително лош пример во воспитувањето на малите фудбалери. Родители се јавуваат и вршат притисоци на судии за одредени судиски одлуки. Има и ситуации кога тренери и службени лица на клубови се закануваат со физичко насилство над судии пред малолетни деца додека играат меч на соседниот терен. Од лига која имаше своја официјална веб страна и свој профил на социјалните мрежи, на кои максимално транспарентно се објавуваа слики, резултати и распореди на натпревари сега имаме лига која никаде не е видлива и како и да не постои што дава дополнителни можности за манипулации, па се случуваат грешки во распореди, ненајавени промени и регистрирање на резултати по желба на координаторот што на крајот ги плаќа клубот.

Она што загрижува е што сето ова веќе се смета за нормално и како воспоставена пракса иако е надвор она што треба да биде систем на натпреварување. Играњето во лигата создава не така наивен трошок за фудбалските школи, а најголемиот бенефит од вака (не)организираното натпреварување во овој регион имаат судиите и општинските сојузи. Само нашиот клуб плаќа по повеќе десетици илјади денари котизација и патни трошоци секоја сезона во лигата и неколку десетици илјади денари на ОФС секоја година за регистрација и пререгистрација на играчи што очигледно во овој момент воопшто не е важно за ова натпреварување.

Иако и резултатски и играчки нашиот клуб е далеку над нивото од претходните сезони, сепак постојано реагираме на овие неправилности со една единствена цел -  да ги заштитиме нашите фудбалери, бидејќи не само што чувствуваме одговорност кон нив, туку имаме и таква обврска кон нивните родители. Ако целта на лигата е да обезбеди организирана форма на натпреварување, што согласно фудбалските методологии е дел од тренажниот процес, тогаш до сега можеме да констатираме дека работите во многу скршнале од овој правец. ОХРИД ТОП ТИМ како сериозна фудбалска школа и понатака ќе продолжи да реагира на сите неправилности со цел да се заштити честа и угледот на нашите членови, нашиот град и честа и угледот на ФФМ. Веруваме дека оваа наша јавна реакција ќе допре на вистинското место и ќе биде добронамерно разбрана во насока на подобрување на спортот и фудбалот. 

    НОВОСТИ

    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    Picture

    ФК ОХРИД  
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид


    Пријатели на клубот

    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture


    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed


    RSS Feed Widget


    Архива

    June 2020
    February 2020
    October 2019
    September 2019
    June 2019
    May 2019
    March 2019
    February 2019
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014

Powered by Create your own unique website with customizable templates.