![]() Одличен ден за фудбалот во Охрид. Денес, на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид со сечење лента од страна на градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП „Билјанини извори“ Ристе Мишев, беше отворен теренот за фудбал со вештачка трева. Младите фудбалери на ФК ОХРИД Топ Тим беа дел од оваа свеченост на покана на ЈП Билјанини извори и имаа можност први да одржат тренинг на извонредната подлога која во многу ќе придонесе за унапредување на фудбалот во нашиот град. Честитки и благодарност до Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија кои овозможија нашиот град да добие еден од најсовремените фудбалски спортски терени по сите стандарди на ФИФА и УЕФА и се надеваме дека со овој вреден проект ќе се даде дополнителен стимул за развојот на спортот и фудбалот во Охрид. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|