![]() Повеќе од 40 млади фудбалери од ФК ОХРИД ТОП ТИМ оваа сабота беа дел од Новогодишниот генерациски турнир што се играше во СЦ Климент Колески во Охрид. Во максимално релаксирана, спортска и другарска атмосфера, нашите фудбалери ни подарија еден мошне убав ден во кој презентираа многу од фудбалските вештини што ги изучуваат во нашата школа. Турнирот на кој настапија речиси сите деца од нашиот клуб беше организиран во три дела. Во првиот дел меѓусебен натпревар одиграа најмалите од генерација 2007/08 и помлади. Во вториот дел од турнирот настапија три екипи од Генерации 2004, 2005 и 2006 и се одиграа три натпревари, секој со секого. По истиот систем на натпреварување играа и највозрасните и тоа комбинирана екипа Генерација 2001/03, Генерација 2002 и Генерација 2004. Она што го одбележа овој турнир е изобилството убави и атрактивни акции, индивидуални фудбалски вештини, прекрасни голови и ... и се разбира многу забава и дружење. Веселото расположение беше надополнето со трофеите што секоја екипа што беше дел од овој турнир ги доби. Тоа беа неколку пакетчиња „благо“ што на крајот од натпреварите момците несебично ги поделија меѓу себе. За тие што немаа можност лично да уживаат со нашите фудбалерчиња, може да ја погледнат галеријата со слики за да почуствуваат барем дел од позитивната атмосфера на турнирот |
НОВОСТИФК ОХРИД
|