![]() Почетокот на тренинзите во новата календарска година се поклопува со нашата обврска за задолжителни лекарски прегледи што секој член на ФК ОХРИД ТОП ТИМ треба да ги изврши кај доктор специјалист по спортска медицина. Согласно програмските активности на нашата екипа и правилниците на ФФМ овие прегледи се прават на секои четири месеци или најмалку три пати во годината. Првиот преглед оваа година е закажан во петок (06.02.2015) во ординацијата на д-р Оливер Бојчески, специјалист по спортска медицина, во Струга. Присуството на сите фудбалерчина е задолжително. Здравјето на нашите деца е најважно! |
НОВОСТИФК ОХРИД
|