Денес во Велгошти, во организација на спортската сала „Тодор Александров“ се одржа детски турнир во мал фудбал. Околу 100 фудбалерчина од фудбалските клубови Охрид Топ Тим, Еврофудбал 2, Велгошти и Академија Пандев 10 имаа можност да се дружат меѓу себе и да одиграат неколку фудбалски натпревари кои изобилуваа со возбуда, неизвесност, акции, убави и атрактивни фудбалски потези и се разбира многу голови. Сите натпревари поминаа во максимално коректна, спортска и релаксирана атмосфера. Момците од нашата екипа беа најефикасни на турнирот и успеаја во двете генерации да стигнат до финале, но спортската среќа не им беше многу наклонета во финалето, па на крај освоија две втори места. Беа постигнати следните резултати: Генерација 2006
За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Бешир Онур, Крлески Петар (1 гол), Лолески Михаил, Шопоски Лео, Сеидоски Мухамед (2 гола), Блажески Валентин (1 гол), Кузманоски Давид, Чекреџи Борис, Наумоски Максим и Мајкиќ Мартин. Генерација 2004
За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Мартин Митрески, Александар Трпоски, Наум Јаковлев, Мухамед Јахја Шкор (3 гола), Климент Филев (1 гол), Јусуф Ариф (1 гол), Хадис Рифат, Никола Кречов (2 гола) и Марко Крлески (1 гол). Голема благодарност до организаторот Спортска сала Тодор Александров во Велгошти што овозможи да бидеме дел од овој турнир и им посакуваме ваквите настани да станат традиционални во иднина. Галерија, Детски турнир во мал фудбал, Велгошти 15.02.2015 |
НОВОСТИФК ОХРИД
|