Викенд гостувања во Кичево и Ресен за охридските „Бели“ за одигрување на првенствените натпревари од детската и младинската во организација на ФФМ. ФК ОХРИД ТОП ТИМ беше единствената охридска екипа која со 5 генерации играше на терените во Кичево од тековното коло на детската лига. Од оправдани причини, во речиси секоја генерација недостигаа по неколку стандардни играчи, но тоа не ги спречи оние кои допатуваа во Кичево да изиграат одличен фудбал и да не израдуваат со победи. Извонредно ефикасно играа и победуваа момците од парните генерации. Генерација 2006 очекувано лесно и убедливо славеше со кичевска Ускана со 5:2, Генерација 2010 стрелаше 4 пати во победата над истиот противник, додека генерација 2008 беше најефикасна и постигна дури шест погодоци против ФК Кичево. Добар, борбен и ефикасен фудбал одиграа и момците од генерација 2007 и 2009 кои постигнаа по два погодоци во против струшки Караорман и кичевски Парис, што на крај се покажаа како недоволни за позитивен резултат. Генерација 2005 одигра квалитетен натпревар во Охрид со Оск фер плеј во кој „жолтите“ дури 4 пати шутираа пенали од правилото „ три корни пенал“, а охридските „Бели“ искористија само две од неколкуте добри шанси и постигнавме два одлични гола од игра. Овие момци заслужуваат пофалба за нивната игра, посветеност и однос кон дресот што го носат. Нашите младинци ова коло гостуваа во Ресен каде играа со екипата на тотал ФК Тоталфудбал – Вардар. Уште една лесна и значајна победа со која се задржавме на самиот врв од лигашката табела. Натпреварот го решивме уште во првото полувреме со четири погодоци во противничкиот гол, а потоа лесно го доведовме при крај до нова победа.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|